речник контакт

Пронајден е давеник во Вардар

Телото било на жена на возраст од околу 70 години

Петар Печков

Околу пладне, близу поранешна Кланица,  во реката Вардар  кај Адата пронајден  е давеник. Случајни   минувачи во водата го виделе телото на  жена, по што е повикани противпожарната,   брзата помош и полицијата.

Телото на жената од реката го  извадиле екипи на противпожарната единица а лекар од Брзата помош констатирал само смрт. Од СВР Велес потврдија дека е пронајден давеник.

Возраста на жената која е пронајдена  е околу 70 години. Истрагата ќе открие како таа завршила во Вардар. Засега не е познат идентитетот на жената. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »