Петар Печков
Објавено: недела, 21 април 2019
Претпладнево на 21 април околу 10 часот во СВР Велес, жител на село Кочилари, велешко, пријавил дека во водите на реката Вардар, во близина на село Кочилари, било пронајдено машко тело без траги на насилство. По завршување на увидот било утврдено дека се работи за лицето Л.С.(77) од Велес. По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено за обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.
На 18.04.2019 година во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 10.30 часот Д.Т.(65) од село Караслари, велешко, паднал од покрив додека извршувал градежни работи на црквата ,,Покровение на Богородица“ во село Каратманово, општина Лозово, при што се здобил со тешки телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во болницата во Велес, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.
Tweet |