Петар Печков
Објавено: сабота, 15 октомври 2016
Претпладнево во 11.30 ч. во водите на езеро Младост бил пронајден давеник. Според МВР станува збор за лицето Б.З. (78 год) од Велес.
Неговото семејство во текот на вчерашниот ден, петок, го пријавило за исчезнат. Телото на Б.З. го пронашол рибар, во близина на браната.
На лице место е увидна екипа на СВР Велес а истрагата треба да открие како дошло до смртта.
Tweet |