Петар Печков
Објавено: вторник, 14 март 2023
Во неделата вечер, пронајден е велешанецот Славче Јованов, викан Скобалот, починат во неговиот дом. Смртта била констатирана дека е настаната подолго од 24 часа.
„На 12. март во 21.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во сопствениот дом во Велес бил пронајден починат С.Ј.(67год). Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. Известен бил јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција за да се испитаат причинети на смртта.
Tweet |