Петар Печков
Објавено: среда, 28 март 2012
На 27 март во 14,40 часот, на месноста викана „Под Вршник“ во Велес пронајдено е починато лице, при што е констатирано дека се работи за Томе Атанасов (43) од Велес, инфомрираше МВР.
Тој на 25 март годинава во Полициската Станица Велес бил пријавен за исчезнат од страна на неговата сопруга. Атанасов бил невработен и татко на едно малолетно дете. По наредба на Истражен судија телото на починатиот е предадено на обдукција, за да се утврди причината за смртта.
Tweet |