Петар Печков
Објавено: четврток, 16 април 2026
Пронајден е починат работник во свињарска фарма во Амзабегово, соопшти штипската полиција. По обдукцијата ќе се знаат причините за смртта.
„На 14 април во 22:57 часот во СВР Штип – ОВР Свети Николе е пријавено дека во свињарска фарма во село Амзабегово, светиниколско, бил пронајден починат вработениот К.П.(64 год) од Свети Николе. Лекар на Итна медицинска помош пристигнал веднаш во фармата, но тој само констатирал смрт“ - соопштија од СВР Штип.
Телото на починатиот по барање на ОЈО Свети Николе е предадено на обдукција по што ќе се знаат причините за смртта.
Ова е втора смрт во истата свињарска фарма во Амзабегово, откако на 8 јануари 2024 година, смртно настрада работник а колeга кој се обиде да го спаси, се здоби со тешки здравстени последици од труење.
| Tweet |




