Петар Печков
Објавено: четврток, 24 февруари 2022
Велешанец е пронајден мртво во автомобил претпладнево. Него го видел случаен минувач, на ул. Ѓорѓи Војтех, близу кружен тек кај Авона, и се јавил во Итната помош.
„Повикот е примен во 9 ч, во 9,05 екипата била на лице место. Дежурниот доктор Манасков констатирала смрт кај лицето на 54 годишна возраст, кое седело на возачкото место но било настранет кон со возачкото“ - кажа д-р- Василка Пановска, началник на служба за итна помош.
Таа за сите други детали упати да се бараат информации од СВР Велес. ОЈО Велес соопшти дека телото на починатиот е предадено на обдукција, за да се утврди причината за смртта.
Неофицијално станува збор за полициски службеник, кој не е униформиран. Се очекува СВР Велес со повеќе информации.
Tweet |