Петар Печков
Објавено: петок, 20 март 2015
Во двор на велешанец, во четвртокот претпладне била пронајдена неексплодирана граната. Истата била подоцна отстранета и преземена од стручни лица, пиротехничари на Дирекцијата за заштита. Гранатата била пронајдена во двор сопственост на Владо Трајковски.
На улица Васа Кошулчева бр. 52, пријавено е дека е пронајдено експлозивно средство. Пиротехничари од Скопје беа на лице место, констатираа дека е граната од 81 мм од Втора Светска војна . Истата е безбедно отстранета. Најдени се и повеќе куршуми кои исто така се земени од местото - велат од Дирекција за заштита и спасување.
При нивната работа бил прегледен е целиот терен со детектори, каде било сомнително, нема најдено друг експлозивен материјал. Сопсте3никто на местото неколку часа по настанот со силни впечатоци објаснуваше како се случило да ја најде гранатата.
Ја пронајдов при ископ на канал за гаража, најдов тврд метален предмет. Додека работев со лопатата слушнав чуден, необичен метален звук. Се сомневав дека е нешто опасно, оти претходно кога копав најдов куршуми. Го поместив и видов граната, пребледев. Ги известив надлежните дојдоа тројца лица, и ја отстранија. Два часа работеа - вели Владо Трајковски.
Неговиот имот е во близина на железничката станица Велес а постарите жители сметаат дека таа е останатата од гранатирањето на објектот при заминувањето на Германците во ноември 1944-та. Ова е четврта експлозивна направа, најдена во велешко годинава, објаснуваат од Дирекцијата за заштита. Најчесто вакви пронајдени средства, минатите години граѓаните пријавувале во близина на Железничката станица Градско.
Tweet |