Петар Печков
Објавено: вторник, 08 август 2023
Вчера, понеделник 7 август, на пладне покрај Мало мовче во Велес, на кејот во изградба била пронајдена експлозивна направа. Ја пронашле градежните работници кои се ангажирани за изведба на градежните работи.
„Пиротехничарите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) вчера на кејот на реката Вардар во центарот на Велес отстранија артилериска граната од 75мм, пронајдена во 13ч. при изведување на градежни работи. Граната е комплетна, зрно, чаура и барутно полнење. Истата е отстранета во 19ч. и однесена на безбедно место“ - кажа Ефтим Митров пиротехничар од ДСЗ.
Пред една година, лани на 14 август исто така кај Мало мовче, беше пронајдена а подоцна и отстранета, артилериска граната само таа беше од 105 мм.
Tweet |