Петар Печков
Објавено: среда, 21 декември 2022
Во полициска акција изведена на регионот на планината Мукос, на стариот пат Велес - Прилеп, пронајдени автомобили товарени со исечени дрва, но не и лицата кои го сториле тоа. МВР со детали за настанот.
„На 20 декември полициски службеници од Полициското одделение Чашка, во атарот на селата Степанци, Поменово и Смилковци пронашле две патнички возила „лада“ без регистарски ознаки, натоварени со бесправно исечени огревни дрва, како и две моторни пили. Пронајдените возила и предмети биле одземени и предадени на Шумска полиција во складот на Национални шуми -подружница Велес“- соопштија од МВР.
Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.
Пределот во околината на село Степанци е честа мета на дрвокрадци пред се од прилепскиот крај, кои ја пустошат шумат.
Tweet |