речник контакт

Пронајдениот леш на Јаниташ е на Зоран Петрушевски

Дополнително ќе бидат познати причините за смртта

Петар Печков

 Пронајдениот леш во петокот  доцна попладне е на  Зоран Петрушевски. Ова го покажала обдукцијата а причинети за смртта ќе бидат познати дополнително.  

Телото на Петрушевски беше пронајдено во петокот во попладневните часови на Јаниташ, остров во Вардар, кај Долни дуќани. Петрушевски (55 год) беше пријавен како  исчезнат  на 27 април годинава.  

Телото беше пронајдено од страна ана нуркачи кој биле ангажирани од велешко семејство да го бара нивниот татко, кој паднал во вардар во вторникот попладне спроти зградата на Епархијата. И покрај интензивното барање телото не е пронајдено.

Во Велес не е пронајден ниту  исчезнатиот Ганчо Симсаров ( 46год). кој неговите блиски го пријавија дека го нема на 24 април годинава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »