Петар Печков
Објавено: среда, 05 јуни 2024
Вчеравечер, вторник, риболовец забележал безживотно човечко тело, во река Тополка, пред вливот во Вардар. Според пријавата тоа било во 21,30ч. во близина на последните куќи од градот, од јужната страна на Велес. За ова тој ги информирал надлежните преку телефонот за итни случаи 112.
„Од страна на Секторот за операции и координација од ЦУК веднаш беа известени МВР, ДЗС, ТППЕ Велес, Општина Велес како и Доброволното друштво „Македонски спасител“ од Велес. Бидејки влегувањето во брзите и надојдени води на река Тополка во текот на ноќта не било безбедно, извлекувањето на телото беше извршено денес претпладне околу 10 часот од страна на тим од Специјалната антитерористичка единица на МВР "Тигар"- соопшти Илија Бојаровски од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Пронајденото телото било идентификувано како С.С. (80 год) и тоа од синот, кој претходно пријавил дека неговиот татко е исчезнат.
И СВР Велес со информација за настанот.
„На 4 јуни во 20.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на вливот на река Тополка во река Вардар во Велес било пронајдено тело на починато машко лице. Денеска 5 јуни, телото било извадено од реката, од екипа на Специјалната антитерористичка
единица „Тигар“ при МВР и било констатирано дека се работи за С.С. (79 год) од Велес, лице со
здравствени проблеми, а за кој неговиот син Г.С. (57 год) вчера во 8.30 часот пријавил дека се
оддалечил од домот“ - информираше Демиралија Фејзо од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител телото напочинатиот било дадено насемејството.
Tweet |