речник контакт

Пронајдено машко тело во Вардар, кај Бентот

По наредба на јавен обвинител телото на починатото непознато лице е дадено на обдукција

Петар Печков

Денес, недела на пладне, пронајдено е машко тело во река Вардар, кај Бентот. Деталите од информацијата на велешката полиција.

„Во 12.05 часот, во СВР Велес, од Итна медицинска помош е пријавено дека во река Вардар на влез во Велес, во  близина на место викано Бентот, било пронајдено починато НН машко лице“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол ан СВР Велес.

Известен јавен обвинител,  а извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.  По наредба на јавен обвинител телото на починатото непознато лице е дадено на обдукција.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »