речник контакт

Проодни се сите патишта во Општина Чашка

Програмата за одржување на патиштата ја извршува ЈПКД Тополка Чашка со помош на механизација за зимско одржување

Петар Печков

Проодни се сите патишта во Општина Чашка, соопшти локалната власт, откако вчера имаше проблеми во одржувањето на патиштата, па бројни ученици од Јаболчиште, Врановци не посетуваа настава во средните училишта во Велес.  

„Општина Чашка согласно Програмата за зимско одржување на локални патишта во текот на вчерашниот ден интервенираше на сите локални патишта кои се во надлежност на локалната власт. Програмата ја извршува ЈПКД Тополка Чашка со помош на механизација за зимско одржување која се состои од ЈЦБ скип и два трактори кои се опремени со приклучна механизација за чистење на снег. Бидејќи Општина Чашка на својата територија има 123,7 км должина на локални патишта и улици, за поефикасно справување со состојбата во зимски услови беше набавен уште еден распрскувач на сол и ризла како приклучно средство“ - -соопштија од Општина Чашка. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »