Петар Печков
Објавено: четврток, 13 декември 2007
Стотина семејства од велешката населба Дворови, зедно со сметките за струја од ЕВМ ЕСМ го добија и флаерот на албански јазик со кој се информираат потрошувачите за нивната досегашна работа и инвестициите во земјава. Граѓаните се лути што на нивна домашна адреса добиле материал кои не го разбираат.
- Како можеа од една голема странска компанија да направат ваков гаф. Добивме флаери кои се на албански иако во овој дел на Велес, во неговото старо грдско јадро, нема друго население освен македонци - велат луто граѓаните од улицата Благој Нечев, каде се дистрибуирани материјалите. Наспроти поплаките на потрошвувачите кои ги чуваат добиените материјали на албански јазик, од ЕВН-ЕСМ објаснуваат дека имало само еден пропуст.
- Регистриран е еден единствен случај и тоа кај бизнис потрошувач. Како дошло до оваа грешка нема објаснување, но на лицето му се извинивме - изјавија надлежните од австриската компанија.

Tweet |