речник контакт

Пропаѓа спомен куќата на Коле Неделковски во Војница

Спомен куќата на Коле Неделковски во неговото родно село Војница, велешко, е руинирана, оштетена и опасна за малубројните посетители кои доаѓаат во неа.

Петар Печков

  Со испукани ѕидови, скршени прозори, птици кои се вгнездиле во собите, таа ни малку не оддава слика на спомен куќа  заштитена од државата,  каде учел и се школувал поетот, пред да замине за Софија.

Таа заживува ретко, најмногу гости има на 2-ри септември кога се одбележува денот на саможртвата  на Неделковски. Тогаш учениците и вработените од истоименото средно училиште доаѓаат да му оддадат почит на поетот.  Тие заедно со борците и поетите се сведоци на грдата слика на овој историски објект.

За жал  не можам да кажам убав збор. Како да изумира духот на Неделковски и почитта на државата кон него. Чувствувам како да не сме свесни за големината на поетот, кога дозволуваме тоа што останало како спомен,  кој не врзува со Неделковски, со неговото дело, со неговото има, со неговата саможртва, да оставаме вака бедно да пропаѓа – изјави македонската поетеса Македонка Јанчевска.

Таа дојде заедно со нејзината колешка Павлина Климкар Меанџиева да му се поклонат на поетот, но мораа внимателно да се движат по старите дрвени скали за да се искачат во куќата, бидејќи истите се опасни за употреба, за што присутните и гласно беа предупредени. Ваквата лоша слика ја виде и градоначалникот на Велес, кој апелира надлежните итно  нешто да сторат за таа да се сочува.

Очигледно е дека објектот се наоѓа во руинирана состојба  и на него долги години нема превземено никакви градежни активности. Можеби со некој проект од граѓанско здружение, објектот да добие одредена намена и да се развива селскиот и алтернативен туризам. Вака како што е сега, прашање е на време кога целосно ќе биде уништена – изјави Горан Петров, градоначалник на Велес. Во една од просториите е спомен собата на Коле Неделковски, во која се наоѓаат документи и фотографии за неговиот живот и за неговите дела. Спомен куќата ја одржува неговиот внук, со исто име и презиме.

Чувствувам морална обврска кон чичко ми да не ја оставам куќата да пропадне. Колку можам ја одржувам, чистам и се тоа без платно. Никој ни денар за овие 10-тина години не издвоил. Доаѓаат најмногу ученици и планинари да ја посетат, но имаме проблем со патот. Три километри пред селото енс е асфалтирани, поради што многумина кои доаѓаат со автобуси ќе завртат и си заминуваат – вели Коле Неделковски внук од брат на поетот. Дилеми има за сопственоста на куќата, дали е на општина Чашка со делбениот биланс или  на Министерството за образование. Од  Републичкиот Завод за заштита на споменици, вообичаено за ваквите проблеми со одржувањето на спомен куќите велат дека е потребно некој да достави проект по кој тие ќе одлучуваат дали и кога ќе се реновира.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »