речник контакт

Пропуст на одделението за култура е не давањето почит за 9-ти мај Денот на победата -вели градоначалникот Колев

Ова што се случи не е намерно, туку е пропуст објаснува градоначалникот

Петар Печков

На Денот на победата и Денот на Европа 9-ти мај, во Велес традиционално  се положуваше цвеќе  и оддаваше почит во Спомен костурницата. Таму почиваат  посмртни останки на 378 партизани борци на НОБ и 209 жртви на фашизмот, сите родум од велешко,  кои загинале во четири годишната борба за слобода. Годинава тој чин на локалните власти и градоначалникот изостана, што предизвика големи реакции во јавноста. На седницата на Советот, меѓу советничките прашања, советниците и од Левица и од СДСМ го прашаа градоначалникот Марко Колев, зошто го заборави овој датум. Тој одговорноста ја префрли на администрацијата.
 
„Има пропуст во одделението за култура.  И јас реагирав но веќе беше доцна. За тој ден ми беа договорени неколку активности, не и одбележувањето на Денот на победата. И јас сметам дека треба да се положи цвеќе на овој датум на Спомен Костурница. И укажав на раководителката на ова одделение, дека иако овој ден не е во програмата за одбележување, треба да се оддаде почит на паднатите борци и жртви. Ова што се случи не е намерно, туку е пропуст, не бев информиран, не можеме се да следам и пратам за активностите кои ги имам. Слично беше и со 28-ми април Денот на гемиџиите, ад-хок беше оддавањето на почит“ - кажа градоначалникот Марко Колев.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »