Аница Солева
Објавено: понеделник, 27 февруари 2006
Според Макфакс просечната месечна исплатено нето плата по вработен во [b]Македонија[/b] во декември 2005 година изнесува 13.125 денари (околу 210 евра). Ова денеска го соопшти заводот за статистика додавајќи дека просечната плата во декември лани во однос на претходниот месец се зголемила за два насто номинално и за 1,4% реално. Последниот месец од 2005 година 15,6% од вработените во Македонија не зеле плата. Јас мислам дека овој процент не застапен за регионот на Скопје, ами за нас, од „провинцијата“. Реално гледано, просечната плата во Велес изнесува околу 150 евра, што е навистина смешна цифра. Ама не ми е јасно сите во Велес плачат, кукаат а кога ќе ги видиш возат колишта, дотерани се од глава до пети. Но има и некои кои едвај врзуваат крај со крај во месецот, и кои не добиваат социјална помош. Е за тие луѓе треба да се најде работа, па макар и за 100 евра. Тоа е тоа. Сите избегавме во Скопје, демек има работа. Велесов веќе не го бива. Возовите преполни со патници од Велес, услуга на ниво :) Ете даваа на вестите за удобноста на возовите, ама ќе причекаме уште 2-3 години додека не се приватизира и железницата. На крај, ако не се подобри ситуацијава во Македонија, сите ќе си забегаме во странство.
Tweet |