Петар Печков
Објавено: сабота, 26 септември 2026
MBP соопшти дека почнувајќи од понеделник 28 септември Отсекот за управни работи Велес и Отсекот за оружје Велес привремено ќе бидат дислоцирани во зградата на Секторот за внатрешни работи Велес.
„Приемот на барања и издавањето на личните документи ќе се врши исклучиво вопросториите на Секторот за внатрешни работи Велес“ – информираа од МВР.
Во кампањата за локалните избори, лани беше најавено дека овие служби ќе се селат во поранешниот магацин на Македонски железници, на Железничка станица Велес, кој бил отстапен од страна на МЖ на користење на МВР.
| Tweet |






