речник контакт

Просторот кој СВР Велес бара да се ослободи за паркинг за возила на Основен суд Велес, не е пренаменет за паркинг, туку и натаму е постојка за автобуси

Општина Велес нема донесено/изгласано одлука за пренамена на автобуската постојка на улица Гоце Делчев, од левата страна, во паркинг за потребите на Основен суд Велес

Петар Печков

Известувањето од СВР Велес, дека  од денес започна со репресивни мерки за непрописно паркираните автомобили, на локацијата под Основен суд Велес, предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Едни поддржуваа, други реагираа дека тоа не е паркинг туку постојка за автобуси.

„Ве известуваме дека постојката лоцирана на левата страна на ул.„Гоце Делчев“ под Основен суд Велес е исклучиво наменета за паркирање и запирање на службени возила на Основниот Суд Велес. Поради континуирано непочитување на поставениот сообраќаен знак и користење на истата за паркинг простор на патнички автомобили на граѓани, СВР Велес почнувајќи од денес, 26.09.2022 ќе започне со преземање на репресивна мерка, најпрво со опомена кон несовесните возачи, а потоа и со изрекување на прекршочна мерка „погрешно паркирање“ во износ од 45 евра во денарска вредност. Затоа, упатуваме апел до граѓаните да го почитуваат сообраќајниот знак и да бидеме сите совесни учесници во сообраќајот“ - ова беше известувањето што до јавноста го дистрибуираше СВР Велес.

Коментарите беа дали сообраќајната полиција за секој ваков сообраќаен знак, ќе постапува идентично со известувања до јавноста, но и дека просторот не е паркинг, туку  постојка за автобуси. И тоа од времето кога улицата Гоце Делчев била двонасочна.

Во консултации со сообраќајни и градежни инженери, кои не се вработени во локалната власт, беше посочено дека тоа било постојка за автобуси и дека така е предвидено со ДУП. За да се изврши пренамена потребна е негова измена.

Од полицијата се бара согласниот дали постојното решение е согласно сообраќајните прописи и таа два позитивно или негативно мислење.  ТрМр се обрати до Општине Велес со прашање, за просторот дали е извршена негова пренамена од постојка во паркинг.

„Општина Велес нема донесено/изгласано одлука за пренамена на автобуската постојка на улица Гоце Делчев, од левата страна, во паркинг за потребите на Основен суд Велес“ - пишува во одговорот. ТрМр се обрати до СВР Велес со прашање врз основа на која одлука решение, бараат просторот да го користат за  паркинг  само за возила од Основен суд Велес, одговор досега нема добиено.

Дилема е и како е поставен сообраќан знак за забрането паркирање, освен за возила на Основен суд Велес, а нивното поставување е во надлежност на локалната власт.

Стручните лица  со кој комуницираше ТрМр, посочија дека е можно да е поставен во  2020-та година, кога во два наврати на почетокот и крајот од годината, кога имаше масовна промена на дотраени сообраќајни знаци, но нивното поставување крена голема реакција. Дел од  граѓаните тогаш  реагираа дека се ниско постаени и дека се опасност по минувачите. Други посочуваа за несоодветноста на сообраќајните знаци со хоризонталната сигнализација. По реакцијата некои беа отстранети, други беа постаени повисоко. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »