речник контакт

Протест на автошколите и кандидатите за полагање на возачки испит

Ако не се отвори полигонот за користење следната седмица, се најавува блокада на сообраќајот низ улиците на Велес

Петар Печков

Кандидатите за полагање на возачки испит и вработените од автошколите од Велес со протест пред полигонот за обука и полагање на возачки испит, оти тој   не работи пет месеци. Толку време кандидатите не можат да полагаат а автошколите ги обучуваат во соседните градови.

„Овој полигон за нас е живот, средство за работа а пет месеци е затворен. На кандидатите може да им истече лекарското  уверение  и рокот за полагање на тестови  за возачки испит. Ова ни создава сериозна тешкотија да обезебдиме плата, нови кандидати не се пријавуваат. Постојните ги носиме на обука во Штип и Кавдараци“ – вели Слободан Митев, сопственик на авто школа„Старт“.

Сопстениците на автошколите до  МВР и СВР Велес упатија апел да се изврши итна контрола на полигоноти тој да биде пуштен во работа најбрзо, бидејќи сметаат дека констатираните недостатоци биле отстранети. Доколку не биде во функција, за следната седмица најавија  блокадана улиците од градот. Полигон е изграден во 1974 година и досега низ него се обучувале и положиле генерации и илјадници кандидати.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »