речник контакт

Протест на велешките пензионери, бараат достоинствен живот со повисоки пензии

Пензионерите бараат минимална пензија и линеарно покачување во септември.

Петар Печков

Неколку стотина пензионери од Велес, вчеравечер протестираа за повисоки пензии и достоинствена старост. Тие се собраа кај Авона и потоа пеш маршираа до Сармаале.  

„Пензионерите не протестираат за богатство, за мегаломански барања. Протестираат за пристоен, достоен живот. Изминатите месеци од годинава е згазено достоинството на пензионерот. Чинам дека барањата се реални. Прашањето е колку е оваа држава подготвена, способна да одговори на овие барања.  Македонскиот пензионер е многу, многу под просекот, ако се земе предвид соседството“ - кажа Кире Василевски член на иницијативен одбор од Велес.  

Пензионерите бараат минимална пензија и линеарно покачување во септември.

„Јас земам пензија од 6.029 денари а сопругата 4,6 денари. Со овие средства нашиот живот е мачен. Скапотилакот е поголем од пензијата.  Работев 36 години во Лозар, и мојата сопруга беше таму.   Работев пролет, лето, зимно време ќе ме отпуштеа. Стасав до 14 години стаж.  Две години бев и во Порцеланка, ама не платиле стаж“ - кажа велешанец.  

На протестот  се обратија повеќе соговорници. Сите тие имаа исто барање, како и работникот и пензионерот да име минимална пензија. Велат дека со пензиите не може да се живее, туку преживуваат.

 „Не сме толку бројни на овој собир. Благодарам што дојдам сите. Многумина не се охрабрија. Нивните деца се партиски вработени од двете партии и стравуваат да не ги избркаат. Остана дома, но се со нас тука, дадоа поддршка. Дојде ножот до коска и затоа излеговме на улица“ - кажа сограѓанка.

Владата на последната седница одржана во вторникот  донела решение и за формирање на  Работната група за соодветни предлози околу најниската пензија и мерки за помош и поддршка на пензионерите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »