речник контакт

Протест на вработените од Колска

Блокада од 15 минути на железничкиот сообраќај во Велес, протест на вработените од Колска. Освен што реагираат на непочитувањето на договорот со МЗ има уште една мошне интересна реакција, документирана, дека по пругите низ земјава возат технички неисправни вагони??!!

Петар Печков

Со блокада на железничкиот сообраќај вработените од Фабриката за шински возила го искажаа нивниот револт од состојбите во фирмата. Петнаесетина минути на железничката станица во Велес беа стопирани меѓународниот воз Љубљана - Атина како и патничкиот воз Битола - Скопје.  

Двеста и педесете вработени во Колска се незадоволни од тоа како се почитува договорот кој пред два месеци го постигнаа со МЖ.

- Бараме редовно МЖ да си го плаќа долгот за тоа што го работиме за нив, како и цената на изработката на вагоните. Поради воа повторно два месеци немаме земено плата а не е извесно кога ќе ги наплатиме побарувањата - изјави Јордан Чадлов, претседател на синдикатот во Колска.

Иако досега сработиле 20 вагони од кои два патнички, тие се уште се во депото бидејќи МЖ не сакала да плати по пет илајди евра за вагон за поправка како што било договорено, туку нудела две илјади.

Оваа цена за Колска е неприфатлива и дека таа уште повеќе ќе ги турнела во загуба. Вработените од Фабриката за шински возила, единствена во Македонија, презентираа писмен документ од кој се гледа дека од 35 патнички вагони со кој располага МЖ, само 13 се технички исправни и минале на ревизија.

\"\"

- Го повикуваме Министерството за транспорт преку неговите инспекции да провери зошто МЖ во сообраќај пушта вагони кои не минале технички преглед. Што ќе се случи ако дојде до незгода, кој ќе ја сноси одговорноста - вели Чадлов.

Според овој документ по пругите во Македонија сообраќаат патнички вагон кои со години не минале на технички преглед и тие се потенцијална опасност по безбедноста на сообраќајот.

Пред два месеци Колска и МЖ, по повеќе недоразбирања, склучија договор фабриката без тендер да ги врши поправка на вагоните, бидејќи таа е единствена од таков вид во земјава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »