Петар Печков
Објавено: четврток, 05 февруари 2026
Вечерва група на Роми протестираа во Велес. Сакаат да го искажат нивното незадоволство од состојбата во која живеат, да може државата да им обезбеди субвенции за полагање на возачка дозвола. Оти немале пари да полагаат. Протестот беше од Жито маркети кај пазариште до Коњаникот и назад. Тој беше обезбедуван од полицијата.
„Во Велес нема одземено возило, но утре ќе се случи. Ние зависиме од тие возила, ние со нив работиме за живеачка, гледаме семејство. Не сме против Законот, но тој предвидува дека ќе ни се одземе возило ако немаме возачка. Ние немаме, така сме израснати, не сме вработени. Не мора Законот да се укине, но да даде државата субвенции да можеме да полагаме. Сите овие зад мене имаат по пет –шест деца, од тие коли живееме. Ако останат без кола, треба ли да крадат за да преживеат. Сакаме да кажеме дека имаме мака, не палиме гуми, не правиме бељи како во други градови, нема закани, нема псовки“ – кажа еден од протестантите.
Додека протестираа тие извикуваа „Бараме правда, бараме правда“.
Овие два дена во Велес полициските службеници на СВР Велес одзедоа два автомобили, еден на прилепчанец и еден на млад сограѓани, кој не припаѓал на ромската популација. Тие возеле а немале дозвола. Со промените на Законот за прекршоци од први февруари во случај возачот да управува возило без важечка дозвола, тоа се одзема.
| Tweet |







