Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 септември 2012
Група сточари од повеќе велешки села, Бузалково, Јаболчиште и други села денеска протестираа пред Ветеринарната станица во Велес што поскоро телињата да им ги одбележат со ушни маркици. Тие потсетија дека крајниот рок за одбележување на телињата е 30 септември, за да можат да добијат субвенции за стоката.
Во Ветеринарната станица во Велес сакаат навреме да ја завршат оваа теренска работа околу одбележување на телињата, но за тоа се уште немаат добиено дополнителна пратка на ушни маркици од Управата за храна и ветеринарство. Апелираат до надлежните во Агенцијата за храна и ветеринарство веднаш да им достави ушни маркици за да можат некако со зголемена работа на терен до крајот на месецов да одбележат уште 30 проценти од новородените телиња во велешкиот поширок регион кој ги опфаќа и Општините Чашка и Градско изјави директорот Димче Димитриевски
Велешките сточари од Бузалково, Јаболчиште и уште неколку други села реагираа до надлежното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и бараат целосно да им се исплатат парите за субвенции на стоката.
Tweet |