речник контакт

Протест пред велешки суд, за осомничен за полов напад врз дете

Кавадарчани, роднини, пријатели, стрелци, сограѓани бараа домашен притвор за осомничениот Б.П. за полов напад врз дете, оти тој имал сериозни здравствени проблеми

Петар Печков

Кавадарчани бараа пуштање од   притвор на осомничениот, нивен  сограѓанин  за полов напад врз дете.  Стотината собрани роднини, пријатели,  стрелци, сограѓани   бараа Б.П. (67 год) да биде пуштен од Шутка, бидејќи тој имал  здравствени проблеми, кои можат сериозно да го загрозат неговото здравје.    Сите кои денес се собравме,  сме тука оти веруваме во  неговата невиност и неправдата која му е сторена- е реакцијата на собраните  кавадарчани.

Кон мојот  татко  Благој е строена голема  неправда и голема  грешка. Тој е  осомничен за дело, во кое е наместен.  Се наоѓа во притвор  2,5 месеци, како мерка на  претпазливост. Постапката против него е крајно нечовечна.  Тој 15 години е на инсулинска терапија   и  постои ризик  по  неговото здравје  од тромбоза, која е воспоставена две седмица пред настанот, на 10-ти март. Условите каде е тој, во   Шутка, се такви    во кој тешко може човек да преживее  во таква здравствена состојба и стрес.  Со домашен притвор може да се надминат можните здравствени проблеми. Велат документацијата е  стара 15 години,  па татко ми толку време боледува а тромбот секој  момент може да се откачи и биде кобно  – изјави неговата ќерка Дивана  Пешиќ. 

За пуштање на домашен притвор  понудиле гаранција  од  216  илјади евра, која била одбиена со образложение дека била премала за вакво дело.   Таа смета дека со објавувањето во јавноста  на  името на нејзиниот татко,  како и  детали од истрагата, не е нарушена пресумпцијата на невиност. 

Тој создаде тројца олимпијци,   како тренер обучил генерации и генерации деца и деца,  машки и  женски  без никакви  реакции. Физичките контакти кои  се споменати во делото се дел од тренажниот процес за секој стрелец. Јас сум 30 години  професионален стрелец  и тие контакти се секојдневие  и жално е што некој ги смета  за полови дејствија.  Прашање е до  каде може да оди фантазијата на едно дете, или дали таа е сугерирана од некој друг за да дојде една  ваква ситуација . И да нема забуни за  повлечената согласност за полиграф. Тој во ваква   здравствена состојба како што е не може да даде изјава пред полиграф. Штом ќе дојде дома, ќе му се стабилизира ситуацијата ќе оди на полиграф, тогаш може да се проверува – додаде Дивна Пешиќ.  

Поддршка на осомничениот Б.П. му дадоа и Надица Апостоловска Митровска која  е стрелец и тренирала од нејзина  12 годишна возраст, при што потенцира дека тој бил како ,,втор татко,, бидејќи бил  дел од нејзината фамилија кога оделе на натпревари во странство.    Сашко Богев родител на малолетно дете кое тренира во клубот, рече дека осомничениот е ,,одличен педагог и немале никакви проблеми со него,,. Горан Илиев, колега на осомничениот како тренер соработувал 20 години  и  за толку години  немало реакција за неговата тренерска работа.

Ќе докажеме дека кај   осомничениот   има грешка. Тој е поштен  и чесен човек. Многу години соработував со него, и досега никој, ама никој – родител, стрелец, дете  не  реагирал на неговото однесување како тренер и педагог  - рече   Кирил Урошев член на Управата на стрелечкиот клуб.  

Во полицискиот билтен за овој настан е запишано:

На ден 29.03.2017 год. во ПС ОН Кавадарци е пријавен е полов напад врз  тринаесетгодишна ученичка од Кавадарци од страна на нејзиниот тренерот по стрелаштво Б.П.(67) кој, според пријавителите, во повеќе наврати во последните три месеци вршел обљуба врз ученичката, а последен пат дента околу 18.00 часот. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »