речник контакт

Протест против рестартот на Топилница

Велешани ги пуштија црните балони во небото со што ги пуштија и лошите настани од минатото и запалија свеќи за сите починати како резултат на 30 годишната работа на Топилницата

Петар Печков

Велешани ги пуштија црните балони во небото со што ги пуштија и лошите настани од минатото и запалија свеќи за сите починати како резултат на 30 годишната работа на Топилницата. Овa се случи на протестот организиран од Зелената коалиција со која се вели НЕ на повторното започнување со работа на некогашниот индустриски гигант и загадувач.

ТАА или НИЕ беше една од пораките со која се искажа волјата на мнозинството велешани, дека во градот нема место за Топилницата и дека здравјето на велешани не е на продажба. Бројните говорници потсетија дека сегае моментот да се делува превентивно, да не се дозволи змејот што пушташе три децении отрови и однесе многу човечки животи, повторно да нанесува зло на 50 илјади луѓе.

Од плоштадот Сармаале, колоната со млади и постари, невработени и некогаш вработени топилничари, болни и здрави се упати до Топилницата. Организаторот најавува дека активностите за дислокација на Топилницата продолжуваат

































АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »