Петар Печков
Објавено: четврток, 23 ноември 2023
Три часа беше блокиран патот до Кавадарци до Дреново, од страна на вработените на „Еуроникел индустри“, поранешен Фени. Во периодот од 12 до 15ч. тие не дозволуваа возилата да ги минат блокадите. Имаат едно барање државата да им ги врати парите од ДДВ, што е законска обврска. Со овие средства 1,2 милиони денари, треба да се исплати октомвриската плата.
„Не бараме пари од Владата, од државата, што не ни следат. Документот помеѓу УЈП и нашата компанија е потпишан на 27 октомври но повраток на ДДВ не е реализиран. Со неисплатената плати имаме проблеми со здравствено осигурување, деца се разболуваат, трудници треба да одат на боледување. Лошо е за сите вработени, сметките дома стасаа, треба да се платат. ГСОЛ годинава работеше минимално, немавме покачување на плати, бевме на минималец и вработените немаат пари“ - вели Миле Ѓоргиев претседател на синдикатот на „Еуроникел индустри“.
Потсетува дека илјада, што вработени, што кооперанти се во исчекување на натамошната судбина на комбинатот.
На вработените им влева надеж оти печката уште не е изгасната, со што веруваат дека имало заинтересиран купувач за „Еуроникел индустри“.
Доколку до понеделник н добијат поврат на ДДВ најавуваат дека ќе го блокираат сообраќајот на регионалниот пат Градско - Прилеп. Очекуваат да добијат повраток на ДДВ и за септември, за да исплатата плати за ноември. Од УЈП не откриваат дали и колкав долг кон нив има „Еуроникел индустри“.
Tweet |