речник контакт

Протестирам и ГДОМ вечерва протестираа во Велес

Ќе има ли протести викендов?

Петар Печков

Шести ден протести на ,,Протестирам,, од  Нова населба до плоштад Сармаале  а по вчерашната пауза, вечерва повторно во центарот на градот, пред споменикот на Илинденците  привразниците на ГДОМ    ги искажаа нивните ставови против опозицијата.  

Неколку години сме оптеретени дека нема слобода и демократија, се измислуваат приказни, се штанцаат извештаи. Се злоупотербуваат случаи, се плаќаат тешки суми за да се креира јавното мислење, се отвораат весници и портали чија основна задача е да се внесе хаос меѓу луѓето. Долгото седење во опозиција ги прави  се повеќе и повеќе нервозни, но зошто се насилни и негативни - рече публицистот  Алаксандар Кукулев. На присутните се обрати и ликовниот уметник Трајче Чатмов.  

На вообичаената рута од кружен тек Авона, до плоштад Сармаале беа од ,,Протестирам,, Со свирежи, негодувања и новина - македонски знамиња тие го искажаа својот  став од состојбата во државата и владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Барањата  се исти кои ги испорачуваме сите овие денови, оставка на Иванов за  срамната одлука за аболиција, спроведување на целосно фер и демократски избори, слобода на специјалното Јавно обвинителство, вклучување на граѓанскиот сектор во решавање на кризата и суспендирање на одлуката за распишани избори на 5-ти јуни - велат учесниците на протестот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »