Петар Печков
Објавено: четврток, 28 ноември 2019
Администрацијата и помошно техничкиот персонал вработени во јавното здравство, денес на пладне протестираа во кругот на ЈЗУ Општа Болница Велес и ЈЗУ Здравствен дома Велес.
Тие на овој начин го искажаа незадоволството по одлуката, платите на лекарите специјалисти да се зголемат за 25 проценти, а на медицинските сестри за 10 проценти, од февруари следната година а на оваа категорија вработени да нема покачување.
Протестот се одржа од 12,30 до 13ч. во време на административната пауза која ја имаат вработените. Во болницата се приклучија и болничарите, а во Уред и шоферите на итната помош, кои не се опфатени со покачувањето.
Ова е јавно искажување на незадоволство. Ние сме администрација и помошно техничкиот персонал, но во рамките на јавното здравство. Не може да не изедначуваат со другата администрацијата и да не заобиколуваат. Ние сме дел од системот, кој без нас не може да функционира, навредувачки е вака да не третираат, за едни д аима повисоки плати а други да бидат заобиколени – велат организаторите на настанот.
Во ЈЗУ Општа Болница Велес има 80 лица, администрацијата, помошно техничкиот персонал и болничари, додека во ЈЗУ Здравствен дом има 30 лица администрацијата, помошно техничкиот персонал и возачи на возила на итната помош.
Велат дека нивните плати се минимални и се движат од 12 до 20 илјади денари. Реагираат сега пред да се донесе Буџетот за следната година,за да може и тие да имаат повисоки плати од февруари, оти секоја реакција подоцна би била задоцнета.
Tweet |