речник контакт

Противпожарниот воз на готовс

Поставен е на Железничка станица Велес и ја покрива пругата до Кочани, Скопје, Гевгелија и Битола

Петар Печков

На железничката станица во Велес од вчера ставен е во функција против пожарниот воз.  Има  капацитет од 40 тони вода две цистерни од по 20 тони,  и ја покрива целата мрежа на железницата во Македонија,  до Кочани, Гевгелија, Кичево, Табановци  и Кременица –Битола. 

Возот е екипиран  во  четири смени од по три пожарникари  кои  дежураат 24 часа и во секој момент обезбедена локомотива, која ќе го донесе до местото на пожарот.

Освен што ќе гасне пожар покрај железничката пруга,  од вагоните  може да се  препумпува  вода во противпожарните возила,   па така да се штеди на време и  да се помага во гаснењето на огнот

Вагоните како и во изминатите години ќе се користат во случај на пожари по должината на пругата и други објекти во опсег од 100 метри. Водата се полни од хидрантите што ги има секоја железничка станица.

Во секоја смена  задолжени по четири работници во три смени. Популарно наречениот „противпожарен воз“ ќе го гасен огнот  по потреба од железничката станица Зелениково до Гевгелија, Кочани  до Битола. Сите лица кои се ангажирани имаат противпожарен курс. Лани за трите месеци дежурство, немаа некоја посериозна интервенира. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »