Петар Печков
Објавено: четврток, 10 јануари 2013
Обвинителството се откажа од гонењето на професорот П.Ж. од ОУ Блаже Конески за кривично дело Затајување. Судскиот процес против него е прекинат, затоа што Јавниот обвинител како овластен тужител во текот на главниот претрес се откажа од обвинението.
П.Ж. се товареше дека на 27 септември лани , како наставник по физичко воспитување, од сведокот - ученикот К. Х. присвоил туѓ предмет -златен ланец со привезок Исус, во вредност од 25.000 денари, сопственост на оштетениот В. К. Во спортската сала во училиштето К.Х. го нашол ланчето, се упатил кај П.Ж. како одговорен наставник и му го дал, му кажал дека го нашол, по што обвинетиот го земал кај себе и не го пријавил. Во недостаток на доказ за ваквото дејствие обвинителството се откажа од натамошниот процес.
Tweet |