Петар Печков
Објавено: среда, 12 март 2014
Станарите од улица Благој Ѓорев реагираат на поставената урбана опрема од бројните кафетерии, на узурпираниот простор што било спротивно на Законот за домување. Тие бараат од надлежните во локалната власт да преземат мерки и ги заштитат по повеќе основи, нарушување на архитектонски лик, бесправно поставување на урбана опрема, гласна музика.
Со овој Закон предвидено е да имаме слободен пристап од најмалку 1,5 метар до нашите домови. Нека дојдат надлежните нека измерат дали е така. Потоа втора законска недоследност е што немаме дадено дозвола и наша согласност за поставување на урбана опрема, огромни тенди и шатори – стои во писмениот документ зад кои стројат 128 семејства и 600 станари од зградите над кафитериите. Тие реагираат и на бучната музика, свирките во живо со што се вознемирени бидејќи кафулињата немале звучна изолација.
Бараме да се почитуваат нормите, стандардите, Законите кои се над се. Ги прашуваме надлежните дали профитот на неколку угостители е над законите. Еве иако беше ветено дека ќе се уреди зелениот појас пред кафитериите, оваа пролет тој пак е окупиран. Ете толку е исполнителна нашата локална власт – велат станарите.
Тие одговор на ова писмено барање не добиле. Само информација дека кога ќе се подобри времето, ќе се зазелени земјениот простор. Иако уште од ноември лани беше ветено решавање на овој проблем, пет месеци ништо не е сторено, решавањето само се одлага. Градоначалникот не знае за писменото барање на станарите, иако тоа е заведено во општинската администрација на 19 декември лани.
До мене нема стигнато никакво барање. Но ветувам дека ќе бидат почитувани сите законски обврски и стандарди. Што се однесува до окупираните простори, секој момент ги очекуваме потребните материјали да стигнат по што ќе започне и да се зазелени просторот и хортикултурно да се уреди. Тие ќе се повлечат – вели градоначалникот Чадиев.
Tweet |