Петар Печков
Објавено: среда, 07 септември 2016
Општина Велeс според официјалниот документ на Државниот завод за статистика, се претпоставува дека брои 54 546 жители од кои мажи се 27 428 а жени 27 118.
Најмногу жители се на возраст од 30-34 години - 4.370, а во близина според старосната структура се 50-59 и 25-29 со над 4 илјади лица .
Со официјалниот последен Попис од 2002-та Општина Велес, тогаш броела 55.108 жители, во кои влегуваат и селата Горно и Долно Јаболчиште, кои со новата територијална поделба преминаа во Општина Чашка во 2005-тата.
Со претпоставките на Државниот завод за статистика:
Општина Градско брои 3.580 жители , од нив 1.907 машки и 1.673 женски.
Општина Лозово има 2.580 жители, од нив 1.372 мажи и 1.208 жени.
Општина Чашка има 8.003 жители, од нив 4.237 мажи и 3.766 жени
Од бројките може д а се забележи дека и во општина Велес, но и во соседните има повеќе мажи отколку жени.
Постапката за изработка на процени на населението во пописната година е следна:
1. На податоците за бројот на населението по пол и според календарската година на раѓање од Пописот се додаваат податоците за бројот на умрените лица од почетокот на годината до критичниот момент на Пописот, според полот и календарската година на раѓање;
2. Од добиените податоци со претходната операција се одземаат податоците за бројот на живородените деца во земјата според полот, од почетокот на годината до критичниот момент на Пописот;
3. Од добиените податоци со претходната операција се одзема салдото на миграции од почетокот на годината до критичниот момент на Пописот, според полот и календарската година на раѓање. На овој начин се добива состојба на населението според полот и календарската година на раѓање на почетокот на пописната година, односно на крајот на претходната година.
Tweet |