Петар Печков
Објавено: среда, 27 април 2016
Најавеното прскање против комарци, за утре четврток, е откажано. Причина се временските услови, поточно ниските утрински и дневните темепратури, како дождот кој деновиве падна. Поради тоа прскање против комарците нема да има.
Превентивното прскање против комарците во овој период е непродуктивно. Комарците ги нема во вкави услови. Ќе се прска откако ќе се затопли, кога ќе има неколку дена континуирано високи утрински и дневни температури - изјави д-р Флорентина Ристовска Шурбевска директор на Центарот за јавно здравје Велес.
Посочи дека најавените вакви акции во Скопје и останатите градови во земјава исто така ќе се одложат. Се очекува дека првата акција на прскање против комарците, ќе се случи најрано во средината на мај.
Tweet |