Петар Печков
Објавено: сабота, 18 февруари 2023
Фелдбан Велес - Степанци била теренска пруга со тесен колосек поставена од германските сили за време на Првата светска војна на територијата на денешна Македонија.
Приближно 35 км. долга патека со колосек од 600 мм започнувала во Велес и се протегала во долината на реката Тополка, а потоа по долината на река Бабуна преку Извор и оттаму до Степанци, малку под 1060 м н.в. каде е превојот Бабуна.
Таму превезената стока се претоварувала во две жичарници или на волови за да се превезе кон Прилеп. Теренската железница требало да превезува 600 тони дневно и била завршена на 6 јули 1917 година.
Воената теренска пруга била изградена од 1914 до 1918 година по наредба на Германската воена железничка управа од страна на германските вооружени сили и романските воени затвореници.
текстот е врз основа на документи на германска железница
Tweet |