Аница Солева
Објавено: недела, 12 февруари 2006
Болеста е откриена кај мртви лебеди во близината на Солун и на бугарскиот град Видин, на тромеѓето со Србија и Романија, потврди референтната британска лабораторија. Иако засега нема регистрирано смртни или случаи на заразени луѓе, Европската комисија веднаш ги повика надлежните во овие земји брзо да реагираат за да се спречи ширењето на птичјиот грип. Грчките власти ги засилија мерките за заштита на населението. Местата каде се најдени мртвите лебеди се под карантин во радиус од 10 километри. Откако се потврди дека птичјиот грип е откриен кај домашни птици и лебеди и во Романија и Италија и тамошните власти го вклучија алармот. Но, не и надлежните во Македонија. Најодговорните за заштита на луѓето и домашната живина од смртоносниот вирус, за викенд се недостапни, иако болеста е на само 80 километри од нас. Засега е нејасно - дали ќе се забрани увоз на пилешко месо од Бугарија и Грција, дали ќе се преземат дополнителни мерки за заштита, дали ќе се вршат лекарски прегледи на самите гранични премини со оглед на големата фрекфенција на патници. Единствено, директорот на Републичкиот завод за здравствена заштита, Благоја Алексовски, за А1 изјави дека се уште се во сила превентивните мерки кои државата ги презеде лани и тврди дека се обезбедени доволно лекови и медицински материјал за заштита на населението. [url=www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=58241]www.a1.com.mk[/url]
Tweet |