Петар Печков
Објавено: среда, 09 март 2022
Ништо ново од фудбалерите на велешкиот прволигаш Борец, го забележаа 15-тиот пораз. Убедливо загубија во Струмица од екипата на ФК Академија Пандев со 5:0.
Домаќините кои се втори на табелата лесно стигнаа до победата а можеа и да постигнат повеќе голови. Борец се повеќе заостанува, има 8 бода негатива во однос на соседите на табелата ФК Тиквеш и ФК Скопје, со што се поизвесно е дека ќе ја напушти оваа конкуренција а до крајот на првенството има уште 11 кола.
Велешани се претпоследни 11-ти а во следното коло повторно гостуваат во Штип против ФК Брегалница, која е петта со 33 бода.
Tweet |