Петар Печков
Објавено: четврток, 25 февруари 2016
Во Неделата на борба против срцевосадови заболувања 21-28 февруари, докторите предупредуваат дека пушењето е најголема опасност по здравјето на луѓето, од кого настануваат кардиоваскуларните заболувања. Потоа следат мрсната храна, шеќерната болест, стресот.
Според статистиката на светско ниво, каде е идентична состојбата и за Македонија, од вкупниот број на починати 63 отсто отпаѓа на кардиоваскуларни заболувања, 25 отсто на карциномите. Докажано е дека мажите повеќе страдаат од жените од кардиоваскуларните заболувања.
Д-р Милчо Трајков - Претседател на Општинската организација на Црвен крст Велес и претседател на секцијата за борба против срцевосадови заболувања, посочува како до добро здравје и како да се избегнат проблемите со овие болести.
Треба да се престане се пуши, тоа е основно. За храната да се јаде бело месо не црвено, да се консумира повеќе зеленчук, овошје, сол да не се внесува. Потребна е зголемена физичка активност, да се пешачи, да се вози велосипед, да се избегнува стресени ситуации - препорачува д-р Трајков.
Tweet |