Петар Печков
Објавено: среда, 04 јуни 2014
Преку проектот „Да одгледуваме повеќе пченка" и систем капка по капка, оваа житна култура ќе се враќа во Вардарскиот плански регион. Проектот е финансиран УСАИД а се применува со помош на Вардарскиот плански регион.
Со финансиска помош од 2,6 илјади евра неповратни средства за секој заинтересиран, на 15 регистрирани земјоделци од Повардарјето освен финансиски ќе им се помага и со стручни совети пченката да се врати во овој дел од Македонија. Ова доаѓа откако лани ист ваков проект во Пелагонија и Полог покажал одлични резултати.
Наша цел е да докажеме дека и во Вардарскиот регион, како и минатата година во Пелагонискиот и Полошкиот, пченката може да биде една од главните култури, на кои ќе се заснова полјоделието во овој централен дел на Македонија. Тоа може да се подобри преку спроведување на новите технологии, преку системот капка по капка. На овој начин можеме да докажеме дека одгледувањето на пченка во овој регион не е само можно, туку и препорачливо - рече Мартин Трајчев од УСАИД .
Во велешко има три полјоделци кои се вклучаат во проектот, од вкупно 15 во Вардарски плански регион. Останатите се во Лозово, Св. Николе, Росоман и Градско. Позитивно искуство од Пелагонија и Полог каде се покажале позитивни резултати дава надеж дека пченката може да се врати по полињата.
Така ако просекот во Македонија е 4 тони од хектар, во соседството е до 8, треба да биде 17 тони од хектар. Бидејќи на одредени парцели во Пелагонија лани се стигнало до ваков резултат, проектот наидува на голем интерес. Еден од тие што добија да го работат е од велешко Горно Оризари. кој на еден хектар започна да одгледува пченка.
Слушнав преку познати и пријатели дека во Битолско дал добри резултати и се решив да аплицирам и да пробам. Како почетник се надевам дека ќе стигнеме до тамошните резултати во однос на родот. Ги почитував протоколите за работа засејување, одгледување, задоволен сум со соработка со надлежните. Наесен ќе видиме што ќе добиеме - рече Ферхан Биберовиќ.
Тој освен пченка одгледува и пет молзни крави, тоа се бара со проектот. Посредно преку одгледување на пченката се враќа и млеко -производството и живинарството. Биберовиќ доби да го работи преку отворен повик на УСАИД,, заинтересираните сами аплицираат и тие кои ги исполнуваат критериумите ги добиваат средствата. Освен поголем принос на пченка се подобрува и силажата, храна за стоката. Ако таа досега била 3 тони се очекува да биде 12 тони по хектар.
Земјоделците ќе бидат обучени за оптимално користење на системот, а состојбата на парцелите ќе биде постојано набљудувана од страна на стручни лица од проектот со цел навремено реагирање на сите промени. Дополнително, земјоделците во текот на годината добиваат редовни СМС пораки со упатства и совети за користење на системот и новите агротехнички протоколи.
Tweet |