Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 септември 2022
Велешкиот ракометен прволигаш РК Борец 1950 следната сезона ги продолжува натпреварите во Првата лига. Ова го изјави претседателот на клубот, Душко Крстевски, демантирајќи дека РК Борец 1950 нема да настапува.
„Екипата ќе настапува следната сезона во првата лига. Составот ќе биде изменет и ќе играме со подмлади ракометари. Целта е опстанок“ - кажа Крстевски. РК Борец 1950 е наследник на клубот кој во 1995 стана првак на Македонија а година претходно го освои и Купот.
Тие првиот настап треба да го имаат овој викенд, играат во групата „Б“. Во првото коло противник треба да им биде РК Преспа. Велес има уште еден, нов член во оваа конкуренција, РК Бисинов Фруит ленд во групата „А“.Во првото коло од есенската полу етапа на 10.11 септември РК Бисинов игра дома со РК Текстилец. Тие натпреварите ќе ги играат во салата на ОУ Блаже Конески.
Tweet |