речник контакт

РК Борец со нов грб, а без дресовите со 4-ка и 11-ка

Во новото првенство наместо на билетара, влезници во Тобако

Петар Печков

Сабота во 19 часот РК Борец, со големи аспирации ја отвора новата ракометна сезона против екипата на Металург Јуниор од Скопје.

Управата  во знак на почит на ракометните имиња Ѓоги Гајдов и Пепи Манасков, реши да ги повлече дресовите со број 4 и број 11 од натамошна употреба.

Новина е што клубот има нов грб, каде доминира Градскиот саат.

И последната вест што  доаѓа од РК Борец е дека  влезници за натпреварите ќе можат да се купат во киосците на Тобако, во Велес ги има два, но и на сите нивни дуќани низ Македонија. Поради потреба од фискализација, билети нема да се продаваат на влезот од салата Гемиџии, објаснуваат во клубот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »