Петар Печков
Објавено: петок, 13 мај 2022
Ракометарите на Металург РА од Скопје убедливо го совладаа тимот на ГРК Борец со 41:29 (20:14). Ова беше натпревар од 8 коло од разигрувањето за опстанок во Првата лига. Лидерот немаше поголеми проблеми да стигне до очекуваната победа против десеткуваниот тим на Борец од Велес.
Велешани отпор давале само во првите 20 минути за потоа скопјани да започнат да создаваат разлика која на крајот на средбата беше +12 за нив. Ракометарите на ГРК Борец остануваат 4-ти со 17 бода иако утре се играат останатите три. В следното коло на 22 мај, тие играат дома со екипата на РК Кичево која е сосед на табелата со 17 бода.
Tweet |