Петар Печков
Објавено: петок, 06 јули 2018
Неодамна салата Гемиџии ја посетил комесарот на натпревари на Ракометната Федерација на Македонија Металари. Цел било да се види во каква состојба е објектот, теренот и дали може Велес да биде домаќин на меѓународни натпревари. Списокот на домашно, кој беше доставен и пред неколку години е идентичен, или во меѓувреме ништо не е решено од тоа што треба да се исполни како услов.
Во однос на теренот побарано е да се отстранат телескопските -подвижни трибини и зад голот да биде празен простор. Треба да се сруши и забецот по должина на теренот кој е 20 цм. од првиот ред и виси на теренот. Потребно е и осветлување од 1,2 илјади лукса со лед светилки. Во однос нa инфраструктурата треба да се уредат сите четири соблекувални, прес салата, просторија за антидопинг, просторија за официјалните лица - рече Златко Гуцев директор нa ЈП Парк Спорт.
Ако велешани сакаат да гледаат меѓународен ракомет но и кошарка и одбојка, футсал потребни се да се решат овие недостатоци. Недостатоците придонесоа иако првакот на Македонија во футсал КМФ Велес е домаќин на пред квалцификациите во Лигата на шампионите, мечевите во групата на крајот од август и почетокот на септември нема да се играат во Велес туку во Скопје, салата Гемиџии според УЕФА не може да биде домаќин.
Tweet |