речник контакт

Работна средба во рамките на кампањата „Лето без пожари“

Надлежните се организираат, како да се справат со пожарите летово

Петар Печков

Пожарите кои секое лето се присутни на територијата во земјава, а со тоа и во поширокиот велешки регион, заедно со соседните општини Чашка и Градско, беа повод за зааеднички состанок на повеќе институции, надлежни секој во својата област, за справување со огнената стихија. Таа и деновиве е присутна во општината кога гореа големи пожари, за среќа само на сува трева и нискостеблеста шума и неразвиена вегетација.

„На иницијатива на Полициска станица од Општа надлежност Велес и Отсекот за превенција при СВР Велес, реализирана е работна средба со претставници од Територијалната противпожарна единица Велес, Регионален центар за управување со кризи Велес, Дирекција за заштита и спасување Велес, Ловно друштво „Руен-Велес“, Планинарско друштво „Гемиџии 903“ од Велес и општина Велес. Работната средба беше одржана со цел заедничко превентивно делување за спречување на пожари, како и координирано заедничко делување при евентуално настанат пожар“ – соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »