Петар Печков
Објавено: недела, 26 јули 2015
Iнтересни и необични навики на познатите писатели коишто им помогнале да создадат светски познати дела:
Вирџинија Вулф сите свои книги ги напишала стоејќи.
Виктор Иго му наложувал на својот слуга да му ги одземе сите алишта за да го избегне искушението да може да ја напушти куќата, при што пишувал гол.
Оноре де Балзак дневно пиел околу 50 шолји кафе и понекогаш пишувал 48 часа без да спие.
Труман Капоти не започнувал и не завршувал со работа во петок; ја променувал хотелската соба ако телефонскиот број од собата го содржел бројот 13 и не оставал повеќе од три догорчиња од цигари во неговиот пепелник.
Џек Лондон секој ден пишувал по точно 1.000 зборови.
Џон Стајнбег на своето биро секогаш имал точно 12 совршено изострени моливи. Почетните верзии од делата ги пишувал со молив.
Колку и да звучат чудно и необично овие навики, се докажало дека се клуч за успехот на познатите писатели.
Tweet |