речник контакт

Работник се здобил со тешки повреди, при пад од висина

Поради тежината на повредите е пренесен на КАРИЛ во Скопје

Петар Печков

 Петокот на пладне, работник  се здобил со тешки повреди, при пад од висина, поради кои бил пренесен на КАРИЛ. Деталите од информациите на МВР и велешка болница.

„На 15 март  во 13.20 часот во СВР Велес било пријавено дека во Општа болница Велес со тешки телесни повреди бил донесен И.Ј.(51  год) од Велес. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи во фирма од Велес“ - соопштија од МВР.

Информацијата од велешка болница е дека лицето имало тешки телесни повреди.

„Повредениот   бил донесен во велешката болница со потешки повреди,како политраума,со возило на итна медицинска помош. Екипата на оддел за хирургија и Оддел за реанимација и интензивно лекување веднаш пристапила кон давање итна лекарска помош. Пациентот е упатен на оддел за радиологија,каде се направени сите потребни дијагностички прегледи и компјутерска томографија. По укажаната докторска помош, поради тежината на повредите, пациентот е упатен кон Ургентен центар во Скопје, со возило на Болницата“ - соопшти Марина Андова, портпарол на Општа болница Велес.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес и трудов инспектор.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »