речник контакт

Работник паднал од кров и тешко е повреден

Поради сериозноста на повредите е префрлен на Клинички центар во Скопје

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден попладне се случил инцидент на работно место, на вработен во велешка фирма, која работела на поправка на кров во Маслодајна. Лицето родено 1986 години,според сведоците паднало од висина од 15-тина метри.

„Во 15.05 ч. добиен е повик за лице кое паднало од висина и екипа веднаш  заминала на местото. Таму е пронајден повреден  во без сознание, со политрауми. Згрижен е на лице место, дадена неопходна  лекарска помош и префрлен на хируршко одделение  на  понатамошна постапка“ - кажа д-р Василка Пановска, началник на Итната помош во Велес.
 Од велешката Болница кажаа дека пациентот  бил со тешки повреди.

„Донесен е пациент на 35 годишна возраст, со политрауми, реанимиран а поради сериозноста на повредите на главата е упатен на Клинички центар Скопје“ - рече д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка  Болница.

Ниту по 24 часа, СВР Велес не соопшти детали за инцидентот во кој едно лице се здоби со животно загрозувачки последици. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »