речник контакт

Работник се здобил со тешки телесни повреди на работно место

Увид на местото извршиле екипа од СВР Велес и трудов инспектор и се работи на расчистување на случајот. Лицето се здобило со тешка повреда на рака

Петар Печков

Велешанец вчера доцна попладне се здобил со тешки телесни повреди здобиени на работно мeсто. Деталите од информацијата на МВР.

„На 19 август во СВР Велес било пријавено дека во Општа болница Велес со тешки телесни повреди бил донесен Г.П.(59 год) од Велес. Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 19:30 часот при извршување работни задачи во фабрика во Велес“ - соопшптија од МВР. 

Увид на местото извршиле екипа од СВР Велес и трудов инспектор и се работи на расчистување на случајот.  

Лицето се здобило со тешка повреда на рака.

„Има сериозно отшетување на дланка, на прсти и поради специфичноста на повредата е однесен на Клиника за пластична хирургија во Скопје“ - кажа д-р Ванчо Граматов, од ЈЗУ Општа болница Велес. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »