Петар Печков
Објавено: четврток, 05 септември 2013
Несреќата се случила во средата околу 10 часот. Ангел С. ( 42 год) работел на демонтажа на млин, при што биле вадени камените блокови, тешки десетина килограми. При една ваков зафат, каменот паднал врз главата на работникот и тешко го повредил. Со помош на колегите веднаш бил пренесен во велешката Болница.
Во седата околу 10.30 часот беше донесен повреден работник. При тоа се констатирани фрактури на черепот, носот и тој е снимен на томограф. Бидејќи неговата здравствена состојба биле мошне тешка веднаш е префрлен на Неврологија при Клинички во Скопје - информираа од Општата болница. Од велешката полиција повеќе информации за несреќата упатуваат до Трудовата инспекција на Велес.
Tweet |